Штип во подготовки за Пастрмалијада 2013

24

Општина Штип започна со подготвките за годинешното издание на манифестацијата Пастрмалијада 2013.

Новина во манифестацијата оваа година е датумот на оддржување на Пастрмалијадата и локацијата.

Годинава штипската пастрмалијада ќе се одржува четири дена и тоа на 10, 11,12 и 13-ти октомври. Манифестацијата на 11-ти и 12-ти октомври ќе се совпадне и со оддржувањето на Макфест 2013.

Во однос на локацијата, годинава предлог е манифестацијата да се одржи на крак од улицата Ванчо Прке, поточно од новиот кружен тек па се до преминот под градскиот трговски центар.

За поставување поголема сцена се бираат неколку локации, а најверојатно ќе биде поставена пред патниот премин, со што сите посетители кои ќе ја посетат манифестацијата, ќе можат и да уживаат во пастрмајлиите и да го следат настапот на изведувачите.

Со овие предлози локалната самоуправа влегува во почетни активности на реализација на Штипската пастрмалијада 2013. Концептот може да претрпи одредени измени, во прв ред, во техничка смисла, додека датумите и локацијата се веќе дефинирани.