Што да направите доколку мобилниот телефон ви падне во вода?

1745

telefon vo voda

Никој од нас не може да го замисли денот без својот мобилен телефон. Но, понекогаш се случуваат незгоди од коишто може да се оштети телефонот, па да се загубат сите контакти, слики и податоци што се чуваат во овие паметни уреди.

Подолу ќе добиете список на чекори што треба да ги направите доколку мобилниот телефон ви падне во вода.

Извадете го телефонот од вода што е можно побрзо

1

Пластиката што го прекрива мобилниот телефон е прилично тесна и непробојна, но водата може да влезе во внатрешноста за помалку од 30 секунди. Од таа причина, извадете го телефонот од вода што е можно поскоро и не се обидувајте да го вклучите, бидејќи може да дојде до краток спој. Ако телефонот паднал во вода, се претпоставува дека му е потребно темелно сушење, без оглед дали е вклучен или не.

Извадете ја батеријата

2

Ова е еден од најважните чекори за спасување на “удавениот“ телефон. Водата и струјата никогаш не одат заедно, па од таа причина прекинувањето на доводот на електрична енергија во телефонот е пресуден за да може да се спаси. Многу делови во внатрешноста на телефонот ќе преживеат иако се натопени со вода, но само доколку не се споени на извор на енергија. На местото каде што се наоѓа батеријата најчесто има бел круг или квадрат со или без црвена линија. Доколку квадратот е во розова или црвена боја, мобилниот телефон е оштетен од водата.

Извадете ја SIM картичката

4

Многу важни податоци од телефонот се сместени токму во SIM картичката. За многумина, спасувањето на SIM картичката е поважно од спасување на мобилниот телефон. Избришете ја со сува крпа и оставете ја суво место.

Започнете со сушење на телефонот

5

Доколку во внатрешноста на апаратот остане макар и една капка вода, тоа може да го уништи телефонот и да создаде краток спој. Обидете се со сува крпа да ја избришете целата внатрешност.

Ставете го телефонот во сад со ориз

telefon vo oriz

Во сад со обичен ориз ставете го телефонот цела ноќ за да може да го извлече остатокот од сокриена влага во самиот апарат.

Оставете го на сува кујнска хартија

3

Откако ќе го извадите телефонот од садот со ориз, ставете го апаратот на сува кујнска хартија за да може да се извлече остатокот од влагата.

Тестирајте го телефонот

6

Откако поминале минимум 24 часа, проверете дали сите делови од апаратот се суви. Вратете ја батеријата и обидете се да го вклучите телефонот. Доколку не сака да се вклучи, обидете се да го ставите на полнач без батерија. Доколку телефонот работи, тоа значи дека му е потребна само нова батерија. Доколку не, тогаш ќе мора да го однесете во авторизиран сервис.