Што да правите кога не ја сакате работата, а не може да дадете отказ

48

slika-1-580x392

Фото: Pixabay

Кога ја сакате работата што ја имате се чувствувате среќни, возбудени и имате желба да креирате, да вложувате енергија и да постигнувате големи успеси. Обратна е ситуацијата кога работата што ја работите е досадна, емотивно не ве задоволува и може да биде вистински пекол. Ако веќе сте го достигнале стадиумот кога на глас велите дека не ја сакате вашата работа, тогаш го направивте првиот чекор кон “слободата“. Штом признаете дека не уживате во работата, тоа значи дека сте подготвени да ги преземете сите потребни чекори за да ја смените положбата во која се наоѓате.

Ако не ја сакате својата работа, а поради финансиски причини не можете да дадете отказ, овие неколку совети ќе ви помогнат да ја подобрите ситуацијата во која се наоѓате:

Направете план

Кога се наоѓате во ситуација да не ја сакате работата што ја работите чувството е парализирачко. Воопшто не е невообичаено да се чувствувате безнадежно, под стрес или заглавено кога сте на позиција во којашто не уживате. За да се справите со ова чувство потребно е да направите план. Размислете што би сакале да правите, кои чекори би ги преземале за да ја постигнете целта и како може да ги искористите своите предности. Следете го планот и направете промени.

Сменете го пристапот

Секако дека не е во ваш интерес да продолжите да чувствувате незадоволство во вашата работа. Еден од чекорите што може да ги преземете е да пристапите со поинаков поглед кон работата. Размислете што во вашиот професионален живот ве прави задоволни и среќни. Дали имате забавен колега? Дали работата ви помага да развиете нови вештини? Колку работата е исплатлива? Одговорите на овие прашања може да ви помогнат повеќе да ја цените работата што ја имате.

Исто така, земете предвид и како работа се усогласува со вашите вредности. На пример, ако сте личност која сака да им помага на другите, размислете како вашата работа има позитивно влијае врз другите. Ако сакате да учите, размислете каде имате можност да научите нешто повеќе. Знаејќи ги вредностите на вашата работа, може да го зголемите нивото на задоволство, а исто така може да ви даде идеја за нови проекти.

Бидете искрени кон шефот

Може да биде тешко да разговарате со својот шеф за причините поради кои не ја сакате работата, но кога ќе ги посочите недостатоците шефот може да ги усвои вашите забелешки. Ако сака да ве задржи на работното место тој ќе ги преземе сите потребни чекори за да ја олесни работната атмосфера.

Искористете ја паузата, земете одмор

Наместо да седите на вашето работно место за време на паузите, излезете од канцеларијата и прошетајте. Искористете ги паузите за ручек да излезете со колеги кои се забавни. Кога не сте на работа преземете активности што ве исполнуваат. Искористете го одморот за да се одморите и размислите добро за вашата работа.