Што е агенда?

776

Агенда може да се дефинира како документ којшто содржи листа на активности што треба да се случат на одреден настан, состанок, собир и слично.

Активностите се напишани по ред, односно за секоја од нив е дадено време и краток опис на истата. Агенда може да се состои и од листа на теми на коишто ќе треба да се разговара на бизнис состанок.

Во неа можат да бидат вклучени и учесници, односно говорници на настанот, време за пауза, вмрежување и останати активности предвидени за денот/деновите.

Агендата помага состанокот или настанот да се одвива по редослед, од причина што секој учесник е претходно запознаен со планираните активности.

Овој документ обично се праќа преку мејл до секој учесниците на одредениот собир/состанок, но агенда може да биде пратена и како дел од известување до поголема група на луѓе.

Фото: Pexels