Што е ануитет?

2157

kuka-i-pari-pixabay

Фото: Pixabay

Поимот ануитет означува ист износ со којшто се отплатува одреден долгорочен заем. Ануитет претставува редовна најчесто месечна исплата на паричен износ, којшто е составен од дел од главнина и дел од камата вообичаено за одобрен кредит.

Освен на месечно ниво, ануитетот може да се пресмета и плати на три, шест месеци или на една година, во зависност од договорот меѓу финансиската институција и клиентот.

Во почетниот период на отплата, во ануитетот поголемо учество има оној дел што се однесува на камата, а помал дел на главнината. Со текот на времето, тој однос се менува во обратен правец.

Ануитетот е карактеристичен по тоа што периодичните исплати треба секогаш да бидат на ист износ и временската разлика меѓу нив да биде секогаш иста.