Што е арбитража?

236

Општото значење на арбитража е разрешување спорни прашања преку трети незаинтересирани (неутрални) лица (арбитри).

Арбитража се објаснува како решавање спорови (обично стопански и меѓународни) меѓу странки преку избрани или co закон одредени арбитри. Тоа е еден вид на избран суд што решава спорни прашања настанати меѓу партнери во одреден бизнис.

Доколку странките сакаат да поднесат барање за ревизија или жалба за арбитражните одлуки постојат ограничени права според коишто мораат да се раководат.

Деловните партнери, при склучувањето на договор, обично ja прецизираат арбитражата, постапката за нејзиното спроведување и арбитражниот суд во случај да настане спор по тој договор. Договорната одредба co којашто ова ce предвидува ce нарекува арбитражна клаузула.

Таа може да биде доброволна или задолжителна, обврзувачка или необврзувачка. Необврзувачката арбитража е слична на медијацијата затоа што одлуката не може да се наметне на засегнатите страни.

Арбитражните работи пак, се работи што се карактеризираат со едновремено купување и продавање на некое добро (валута или стока за широка потрошувачка) на два или повеќе пазари на кои постои разлика во цени.