Што е асигнација?

4934

crowdfunding-3158320_960_720

Фото: Pixabay

Асигнација е процес кога едно лице, упатувач (асигнант) овластува друго лице, упатеник (асигнат), за негова сметка да изврши нешто за определено трето лице, примач на упатувањето (асигнатор), а него го овластува да го прими тоа извршување. Договорот за асигнација е уреден со Законот за облигационите односи (член 1059-1073).

Сама по себе, асигнацијата не обврзува никого бидјеќи едно лице по сопствена волја не може истото да го наметне на друго лице.

Односот помеѓу асигнант и асигнатор се нарекува валутен однос, бидејќи овластување коешто го примил асигнаторот се однесува во основа на прием на одредената сума на пари.

Асигнацијата е еден од начините за исплата на долгови на големите компании. На пример, блокирани сметки на компании коишто должат на државата по различни основи можат да се платат преку асигнацијата, како што се подмируваат и долгови по пат на компензација и цесија. Во нашата држава, тој начин на исплата на долговите е регулиран со Закон за платен промет.

Асигнацијата најчето ја врши должникот. Тој упатува друго лице да го исплати долгот кон неговиот повереник, а повереникот го овластува да го прими долгот.

Со асигнација можат да се вршат и авансни плаќања, во случај авансите да се договорени.

Асигнацијата се состои во тоа што асигнантот дава две овластувања: едно на асигнатот да изврши исплата, а друго на асигнатарот да ја прими исплатата.