Што е банкрот?

335

credit-squeeze-522549_960_720

Фото: Pexels

Банкрот или стечај е правна постапка за ликвидација на бизнис (или имот во сопственост на поединец) кој не може целосно да ги плати своите долгови од своите тековни средства. Тогаш, судот покренува стечајна постапка чија цел е подмирување на долговите што ги има фирмата или поединецот, но и реорганизација на фирмата на должникот.

Во економска смисла, заканата од банкрот е мотив за менаџментот што подобро да ја води фирмата.

Основна цел на банкротот односно стечајот е:

Да го заштити имотот од доверителите;

Рамноправно да ги распредели средствата коишто не можат да бидат заштитени, доколку ги има;

Остранување на долгот, што го има должникот;

Стечајната постапка можат да ја покренат и должникот и доверителите. Најчесто, кога судот прогласува банкрот на фирмата, фирмата се ликвидира и целиот движен и недвижен имот се продава, а од собраните средства им се исплаќа на доверителите.

Доверителите најчесто добиваат помалку пари од тоа што побарале. Кога судот ќе процени дека е можно реорганизирање на должникот и негово опоравање додека е во тек стечајната постапка, му пружа привремена заштита од барањата на доверителите и ги превзема сите мерки за фирмата да се врати во нормала.

На овој начин не се губи идентитетот на фирмата на должникот, туку се постигнува подобро функционирање на фирмата кога ќе излезе од стечајната постапка, односно целосно помирување на долговите. Банкротот обично трае околку година дена.

Зборот банкрот во пракса се користел уште во римско време и го имал истото значење ко и денес. Тој доаѓа од италијанскиот збор banca rotta што значи, “пропадната банка”.