Што е (бизнис) екосистем?

252

Фото: Pixabay

Под бизнис екосистем се подразбира мрежа на организации, вклучувајќи добавувачи, дистрибутери, клиенти, конкуренти, владини агенции и слично. Сите тие се инволвирани во испорака на одреден производ/услуга преку конкуренција и соработка.

Идејата е сите ентитети во тој екосистем да влијаат меѓусебно и секој од нив мора да биде флексибилен, односно адаптибилен за да “преживее“.

Екосистемите, исто така, имаат цврсти “граници“, па така нови потенцијални “влезови“ од други организации не се баш лесни. Производот или услугата што тие ја нудат треба да биде иста или многу подобра од веќе постоечката во тој екосистем за да може да стане дел од него.

Кога еден екосистем добро функционира, тоа значи дека оние што се вклучени во него развиле добра шема на однесување што придонесува за неспречено циркулирање на идеи, талент и капитал низ самиот екосистем.

Да се биде дел од екосистем значи да се има механизми за “искористување“ на технологијата, да се постигнуваат одлични резултати во бизнисот и ефикасно да се натпреварува со останатите компании.

Некои од останатите цели на бизнис екосистемот се:

  • нова соработка за решавање на зголемените социјални проблеми и проблемите со животната средина,
  • искористување на креативноста и иновативноста за да се намалат трошоците во производството или да им се дозволи на членовите да дојдат до нови клиенти,
  • забрзување на процесот на учење со цел да се има ефективна соработка и споделување на вештини, искуства и знаења
  • создавање на нови начини за решавање на фундаменталните човечки потреби и желби.