Што е бизнис модел и како да го изберете вистинскиот?

4006

report-3050965_960_720

Фото: Pixabay

Изборот на бизнис модел е првиот фактор во бизнис равојот. Користењето на бизнис моделот има две намени: да се согледа бизнисот и неговата ефективност и ефикасност и  да се иновира бизнис моделот за подобар пазарен настап.

Деветте основни елементи на бизнис моделот се:

  1. Клучни партнери – фирмите и поединците што ве поддржуваат да ги реализирате бизнис активностите :
  • Добавувачите на основни и помошни материјали, технологија и резервни делови;
  • Работници менаџмент и работници;
  • Јавна инфраструктура (струја, вода, патишта);
  • Сопственици на земја и објекти (продажба или изнајмување на погони);
  • Транспортери (организација на транспорт до купувачот );
  • Финансиски организации (кредити и осигурување на производите).

2. Клучни активности – оние со кои бизнисот ги создава вредностите/продуктите за купувачите. Овде спаѓаат активностите што не се обезбедуваат од клучните партнери а кои можат да бидат: производство, решавање проблеми, network, изнајмување, маркетинг, промоција, дистрибуција, продажба и друго.

3. Клучни ресурси – оние со кои се извршуваат клучните активности. Иако бизнисот може да ги користи сите видови на ресурси: материјални, финансиски, човечки или интелектуални, сепак скоро секогаш еден ресурс е клучен во создавањето на вредност за купувачот и врз основа на него бизнисот ја гради конкурентната предност. Препознавањето на тој ресурс може да му обезбеди побрз раст и ширење на бизнисот.

4. Структура на трошоци – елемент на бизнис моделот преку којшто се изразува количината и вредноста на потрошените пари за претходните три елементи, кои учествуваат во создавањето на продуктот: партнерите, активностите и ресурсите. Овој елемент изразува две работи: а) дали бизнисот е воден од трошоците, поточно од ниски цени на продуктите, или од вредноста, квалитетот на продуктот; и б) кои се карактеристиките на трошоците: фиксни или варијабилни.

5. Предлог вредностите – она што бизнисот преку своите продукти и услуги ги нуди на купувачите. И тоа може да бидат:

  • Новини или иновации;
  • Резултати/учинок;
  • Прилагодување на купувачот;
  • Извршување на работата;
  • Дизајн;
  • Бренд/статус;
  • Цена/поефтино;
  • Намалување на трошоците;
  • Намалување на ризикот;
  • Пристап до производ;
  • Удобност/Корисност.

6. Сегментите на потрошувачите – групи на луѓе кои имаат заеднички карактеристики. Дефинираниот идеален клиент треба да се препознае како група која може да обезбеди доволен обем на потрошувачка за долгорочна перспектива на бизнисот. Сегментите на потрошувачи може да бидат големи, масовни потрошувачи, поточно секој поединец или домаќинство. Меѓутоа подобро е доколку препознаете група која е поспецифична и која има поконкретни потреби што треба да се задоволат или проблеми за решавање.

7. Градењето односи со потрошувачите значи како вие ќе обезбедите интерес за вашите продукти. Воспоставување на односи со избраните потрошувачи може да биде преку директни контакти, воспоставување клуб на потрошувачи или заедница на потрошувачи на вашите продукти преку социјалните мрежи и други форми за одржување контакти со потрошувачите.

8. Канали на продажба – патиштата преку кој вашиот продукт ќе биде доставен и достапен на потрошувачот/купувачот. Најчесто користени канали на продажба се:

  • сопствена продажба;
  • веб страна;
  • партнери;
  • продавници;
  • големопродажба

9. Текот на приходите покажува како парите ќе течат од потрошувачите кон носителот на бизнисот. Овој елемент се дизајнира за да обезбеди поврат на вложените ресурси за создавање на продуктот и добивка за носителот на бизнисот. Во овој елемент се дефинира:

  • како ќе се одредуваат цените на продуктите (фиксни цени или ќе има преговарање за попусти според количините што ќе се купат);
  • за што потрошувачот плаќа (бесплатни услуги, закуп, месечна претплата, полна цена на производот); и периодот на плаќање ( 10,15 или 30 дена)

Извор – Прирачник “Бизнис алатки за креирање живот“ од Ристо Иванов