Што е брокер?

1798

bow-tie-businessman-fashion-man

Фото: Pexels

Брокер е личност или фирма (друштво) коишто посредуваат помеѓу продавачот и купувачот. Кај сите видови на брокери заедничко е тоа што тие не се јавуваат како купувачи или продавачи, туку само како застапници на купувачот или продавачот.

Брокерите се едни од најважните луѓе на секој пазар, бидејќи тие ги спојуваат купувачите и продавачите и на тој начин создаваат ликвидност и ефикасност на пазарот. Постојат многу видови брокери во финансискиот свет. Некои од нив се:

  • деловен брокер;
  • брокер за стоки;
  • брокер за тргување со валути;
  • осигурителен брокер;
  • инвестициски брокер;
  • хипотекарен брокер;
  • брокер за недвижнини;
  • брокер за транспорт,
  • онлајн брокер, итн.

Брокер за недвижнини

Брокерот за недвижности е лице кое му помага на продавачот да продава имот, односно служи како посредник помеѓу купувачите и продавачите. Иако тие имаат голема улога помеѓу продавачот и купувачот, брокерите за недвижнини немаат моќ или право да донесуваат важни одлуки во име на клиентот. Брокерот за недвижнини, исто така мора да стекне формална лиценца пред да започне со работа.

Брокер за тргување на берзата

Главната улога на брокерот за тргување на берзата, е да тргува со акции во име на своите клиенти преку брокерска сметка. Овие акции се взаемни фондови и обврзници. Брокерите за тргување на берзата обично наплаќаат провизија на секоја трговија.

Осигурителен брокер

Осигурителен брокер е лице посредник за склучување на договори за осигурување за еден човек или повеќе друштва за осигурување односно осигурувачи. При извршување на оваа дејност, тие не настапуваат од името на одредено друштво за осигурување и затоа нивна примарна обврска е да ги штитат интересите на осигурениците. Осигурителните брокери најчесто се користат од страна на правни лица кои имаат потреба од комплексно осигурително покритие и сакаат да добијат подобри услови за пониска цена.

Онлајн брокер

Онлајн брокерите функционираат преку различни брокерски веб-страници. Презентирањето на информациите за нивните клиенти преку интернет е нивната главна улога. Информациите во базата на податоци вклучуваат; графикони, табели и инвестициски совети.