Што е царина?

335

people-sign-traveling-blurФото: Pexels

Царината е орган во земјата којшто е одговорен за собирање тарифи и за контрола на протокот на стоки. Нејзина цел е да се регулира што влегува и излегува надвор од земјата. Најважен елемент на оваа регулатива е контролирање на меѓународната трговија.

Во многу случаи, стоките се достапни за пониски цени во друга земја отколку во сопствената, а луѓето секогаш ја избираат пониската цена. Со цел да се одржи рамнотежата во корист на домашните бизниси, владите наметнуваат тарифи, односно давачки, за странските стоки што доаѓаат во земјата.

За контрола на специфични видови на трговија, владата може да наметне повисока тарифа за одредени видови на стоки (на пример алкохол).

Царинењето на стоките има ефект врз големите бизниси, коишто можат да увезуваат стоки со голема парична вредност. За да се регулира трговијата на ова ниво, царинската агенција на земјата мора да ги следи сите испораки што доаѓаат во земјата или ги преминуваат нејзините граници. Сепак невозможно е да се провери секој пакет, па затоа царинските агентите избираат одредени (сомнителни) пратки за проверка.

Секоја земја има свои закони и прописи за увоз и извоз на стоки во и надвор од земјата, што ги спроведува нејзиниот царински орган. Увозот или извозот на некои стоки може да биде ограничен или забранет.

Во многу земји, царинските постапки за патниците што пристигнуваат на многу меѓународни аеродроми се разделени во црвени и зелени канали. Патниците со стоки што треба да ги пријават (кои носат стоки над дозволените царински ограничувања и/или носат забранети предмети) одат преку црвениот канал.

Патниците кои немаат ништо да пријават (кои носат стока во дозволените царински ограничувања и не носат забранети предмети) одат преку зелениот канал. Доколку, патникот поминува преку зелениот канал, а се открие дека превезува стоки над царинските ограничувања или забранети предмети, тој или таа може да биде гонет за поднесување на лажна декларација на царината. Откако патникот ќе влезе во одреден канал, не може да се врати назад.

За разлика од полицијата, царинските агенти се целосно овластени да го пребаруваат багажот, облеката, па дури телото на луѓето без никаков налог или причина за сомневање.