Што е content writer?

505

Фото: Pixabay

Во една прилика пишувавме што е copywriting и што е главна задача на оние кои се занимаваат со оваа работа. Сега ќе стане збор за уште еден англиски термин за којшто нема соодветен и буквален превод, а тоа content writing, односно оној кој се занимава со тоа – content writer?

Во суштина и нема некоја голема разлика во двете професии, бидејќи се поврзани со креирање содржина што произлегува од маркетинг стратегијата. Но, начинот на којшто copywriter-от и contentwriter-от доаѓаат до целта е тоа што ги прави да бидат различни.

Првиот развива поотворен пристап, бидејќи неговите текстови на директен начин ги повикуваат читателите да купат нешто, да преземат или да резервираат. Тие со своите креации насочуваат кон директна продажба. Нивна специјалност се текстови што се користат во продажни цели, а може да се најдат во вид на реклама, леток, каталог или продажно писмо.

Од друга страна, content writer-от развива посуптилен пристап до срцето и џебот на читателот, одејќи преку едукација и пружање вредност преку напишаниот текст. Не само што не се директни во своите намери, туку една од целите им е да воспостават квалитетен однос со читателот пред тој да се одлучи да го купи производот или да ја искористи услугата. Покрај продажба, нивните текстови се занимаваат со одредена проблематика на повисоко ниво. Content writer-от анализира целосна стратегија на содржината, бидејќи од тоа зависи колку ќе биде квалитетот на нивните текстови. Стилот го градат на основа на добро одбран речник, што го користат за да им се обратат на купувачите, за да можат полесно да воспостават контакт со нив.

“Домашната“ задача на copywriter-от е да го продаде производот за којшто пишува, додека првичната цел на content writer-от е да му ги понуди сите неопходни информации пред да донесе одлука да купи.