Што е данок на промет?

546

Фото: Pexels

Данок на промет е данок со којшто ce оданочуваат голем број производи и услуги и ce наплатува во областа на прометот, при купопродажбата. Извозот ce ослободува од данокот на промет, a увозот ce оданочува исто како домашните производи и услуги. Даночните стапки ce пропорционални и подеднакво ги оптоваруваат сите купувачи, независно од нивната економска сила.

Данокот на промет е голем извор на државните приходи. Предмет на оданочување со данокот на промет можат да бидат, покрај разните видови стоки и услуги, уште и прометот на права и прометот на имот. Според начинот на наплатување ce разликуваат:

1. Сефазен или општ данок на промет, со којшто ce врши оданочување на секоја прометна фаза на патот на производот од производителот до потрошувачот;

2.Повеќефазен или многуфазен, со којшто ce врши оданочување на две или повеќе фази;

3. Еднофазен или збирен што ce наплатува само во една од прометните фази. Co диференцирани стапки на данокот на промет на разни видови стоки и услуги ce влијае врз висината на нивните цени, со што ce врши зафаќање во доходот на купувачите и неговото префрлање во буџетот на државата (односно на општествено–политичките заедници). Преку данокот на промет ce формира нивото на цените на стоките и услугите, па на тој начин ce влијае врз регулирањето на односите меѓу понудата и побарувачката , односно меѓу производството и потрошувачката .

Производите и услугите од неопходна животна потреба обично не ce оданочуваат или ce оданочуваат со поблаги стапки. Стоките и услугите што во дадено време ce сметаат за луксузна потрошувачка (и други специфични стоки) ce оданочуваат со повисоки стапки, во зависност од степенот на луксузноста.