Што е демонетизација?

119

silver-1072324_960_720

Фото: Pixabay

Демонетизација значи повлекување на парите од оптек, независно дали во целост ќе се исфрлат, претопат или прековаат. Истовремено, зборот може да се протолкува и како прекин на употреба на некој материјал како монетарниот, од којшто се коваат парите.

Во поширока смисла, демонетизација може да се протолкува и како претворање на паричниот(монетарен) облик во немонетарен финансиски облик којшто се одвива помеѓу небанкарскиот и банкарскиот сектор.

Парите ковани од метал кои се демонетизирани прекинуваат да бидат законско средство за плаќање и никој не е должен да го прими, бидејќи на металот му се одзема монетарната функција. Така, пред крај на 19-от век демонетизирано било среброто, а сребрените пари прекинале да важат како законско средство за плаќање.

Златото како универзална светска пара било демонетизирано 1978 година, од страна на Меѓународниот монетарен фонд.

Како што се поврзани актива – пасива, така на пример и демонетизација има свој пар, тоа е монетизација.

Монетизација претставува претворање на помалку ликвидни или непарични имоти во пари, ковање пари, претворање на стока и други вредности во пари, пуштање на пари во промет…