Што e диференцијација?

836

Фото: Pexels

Зборот диференцијација во основа значи разделување, подвоеност, разлика меѓу сродни елементи…Диференцијацијата има широка примена во повеќе области.

Во економијата најчесто се споменува диференцијација на цени. Тоа означува пресметка на различни цени на исти или различни купувачи за ист производ или услуга. Постојат различни причини зошто одреден субјект ги диференцира цените, односно причини за тоа може да бидат количеството на робата, времето на плаќање, начинот на плаќање, испораката на робата.

Во овој случај најчесто се користи т.н. стратегија на диференцирани цени. Стратегијата се користи често и подразбира промена на цените и условите на продажба на одделни производи на различни пазарни сегменти. Секогаш се селектираат производите коишто одат на пробирливиот западноевропски пазар, за разлика од производите што одат во земјите на бившиот источен блок.

Тактиката е намалување на цените на производите. Користење на разни ценовници за различен пазар. Поставување на цените за 10% пониски од конкурентскиот лидер на пазарот. Редуцирање на цената на производот, со цел извлекување на максимум од продажбата.