Што е диспаритет?

495

money-619019_960_720

Фото: Pixabay

Диспаритетот ја покажува разликата меѓу официјалниот и пазарниот курс на валутите. Се изразува како отстапка од паритетот на валутите и девизни курсеви, односно нивниот официјално утврден однос и цената.

Разликата може да биде позитивна или негативна, па така логично постои позитивен и негативен диспаритет.

Исто така, постои и т.н. кумулативен диспаритет којшто ја претставува вкупната разлика помеѓу активата и пасивата, за која може повторно да се формира цена во тек на одреден временски период.

Во основа зборот диспаритет, потекнува од латинскиот назив dispar што значи нееднаквост, различност, несоодветност.

Тој најчесто се користи во економските науки, но има широка примена и во секојдневниот говор бидејќи има едноставно значење.