Што е герила маркетинг?

2024

guerilla-marketing-techniques

Copenhagen Zoo

Герила маркетинг е рекламна стратегија што се фокусира на ниско-буџетни неконвенционални и креативни маркетинг тактики коишто даваат максимални резултати.

Името за прв пат беше споменато од страна на Џеј Конрад Левинсон во неговата книга објавена во 1984 – Guerrilla Advertising. Терминот Герила е инспириран од герилската војна која што се одликува со повремени напади и мали тактички стратегии од страна на вооружени цивили.

Слично на герилската војна и герила маркетингот користи ваков тип на тактики во маркетинг индустријата.

Овој алтернативен начин на рекламирање се потпира на неконвенционална маркетинг стратегија, многу енергија и имагинација. Герила маркетингот го одвлекува вниманието на потрошувачите со елемент на изненадување, остава силен впечаток и создава социјален “buzz” со огромни размери.

Овој вид на маркетинг остава многу поголем впечаток кај клиентите во споредба со традиционалните форми на рекламирање и маркетинг. Тоа се должи на фактот дека повеќето герила маркетинг кампањи имаат за цел да го освојат клиентот на еден личен и незаборавен начин.

Герила маркетиног и најчесто идеален за мали базниси на коишто им треба да допрат до голема публика без притоа да потрошат голема сума на пари.

Исто така се користи и од страна на големи компании во ниско-буџетни кампањи како составен дел на тековни масовни медиумски кампањи.

Овој стил на маркетинг го имаат присвоено и индивидуалци како начин да најдат работа или да добијат екстра должности. Наместо инвестирање на пари, герила маркетингот се одликува со инвестирање на време, енергија, имагинација и знаење.

Активностите од овој тип на маркетинг се изведуваат исклучиво на улица, јавни места како шопинг центри, паркови, плажи, онаму каде секогаш има многу луѓе со цел да се привлече што поголемо внимание.

Герила маркетингот се соочува со предизвик да го најде совршеното место и време за да ја “изврши операцијата”, без одговорните да бидат инволвирани во било каков легален проблем.

Постојат различни типови на герила маркетинг:

Ambient (каде како средство се користи животната околина),

Ambush (каде се профитира врз основа на добра волја, свест, внимание),

Stealth (профитирање врз основа на прикриено рекламирање),

Viral (каде се користи виралноста, односно масовно ширење на пораката) и

Street Marketing, зад којшто стои Др. Марсел Сосет, професор од универзитетот во Сан Диего.

Несомнено е дека герила маркетингот може да донесе фантастични резултати истовремено овозможувајќи им на рекламните агенти да ја покажат својата креативност на уникатен начин.

Сепак, овој вид на рекламирање носи и свои ризици, од едноставно недоразбирање до предизвикување на масовни несакани реакции и проблеми со законот.

Затоа единствено оние кои се доволно храбри, креативни и умеат да проценат кога и каде да допрат до потрошувачите можат да ја испробаат среќата со герила маркетингот.