Што е котација?

818

pexels-photo-159888

Фото: Pexels

Постапката на внесување на одредена хартија од вредност на официјалниот пазар на акции се вика котација. Котација за акции е проценка на цената или цената по која една странка е спремна да купи или продаде одреден број акции. Таа се состои од цена на понудата и цена на побарувачката.

Сите трговски друштва, што се со јасно утврдени развојни цени и преферираат дополнителен капитал, но и широк круг на инвеститори, котираат на Берзата. Котациите на берзите се достапни  преку интернет, преку медиумите или во финансиски публикации.

Кога некое друштво котира на пазарот, тоа се обврзува континуирано да ја известува јавноста, за сите релевантни активности и проценка на финансиската позиција, а со самото ова ги изложува перформансите на друштвото на јавна проценка.

Со котациите се очекува дополнително да се зголеми транспарентноста на работењето на трговските друштва, да се даде нов импулс за развој на пазарот на хартии од вредност, да се зголеми обемот на тргување со хартии од вредност и да се зајакне корпоративната култура кај акционерските друштва.

Придобивки од котацијата

Друштвата кои котираат на официјалниот пазар имаат повеќе придобивки од котацијата, и тоа: повисок рејтинг и углед на друштвото, можност за прибирање нов капитал, можност за дневна проценка за вредноста на друштвото, поефикасно спроведување на принципите на корпоративното управување, поедноставен пристап до странските брзи и слично.

Зошто се потребни?

Котациите се неопходни за да се информираат инвеститорите за цените на хартиите од вредност. Информациите содржани во котациите понекогаш знаат да бидат ограничени. На пример, не може да се открие кои друштва на пазарот нудат безбедност, без разлика дали постојат ограничувачки налози за хартии од вредност.