Што е лого и зошто е толку важно?

1392

Логотип или лого е графички симбол, илустрација или знак што означува одреден производ, услуга, компанија, настан, личност, предмет, идеја и слично. Станува збор за карактеристичен симбол што може да биде сочинет од различни букви и знаци.

Логото претставува дел од визуелниот идентитет на компанијата и негова улога е создавање на поинаква и единствена слика на пазарот, чија цел ќе биде одвојување од останатите на пазарот.

Како главни причини поради кои една компанија треба да инвестира во добро лого се:

  • Разликување од конкуренцијата
  • Јасна идентификација на производот или услугата
  • Личен однос на клиентите со компанијата
  • Полесна комуникација со целиот свет.

Логото не треба да се анализира како трошок, туку долгорочна исплатлива инвестиција. Во денешни услови, да се има лого е стандард во современи услови на работа.

Меѓу најголемите грешки што може да се направат при креирање на лого може да бидат:

  • Копирање на туѓо лого
  • Користење на веќе готово решение од интернет
  • Лош квалитет на изработка на лого
  • Премногу бои
  • Нејасен и конфузен дизајн

Фото: Pixabay