Што е мало стопанство?

910

Фото: Pixabay

Мало стопанство означува релативно мали, обично трудоинтензивни стопански организации, за чија што дејност е потребен релативно мал обем на средства за производство. Ваквото стопанство бара релативно мали инвестициони вложувања, па затоа е многу полесно нивното основање во споредба со претпријатијата од големото стопанство.

Ваквите стопанства имаат можност за побрз обрт на капиталот. За малото стопанство е карактеристично
малосериско производство (по порачка, за непознат купувач или е во кооперативен однос со големото стопанство).

Особено е погодно во околности кога стандардните индустриски квалитети не задоволуваат конкретни барања и потреби и со давање разновидни услуги на стопанството и населението, за кои активности ангажирањето на големите претпријатија е скапо и нерентабилно. Малото стопанство е комплементарно на другите дејности од големото стопанство. Тоа пројавува висок степен на еластичност во приспособувањето на барањата на пазарот; со оглед на релативно малиот обем на средства, може да ce потпира врз принципот на самофинансирање.

Управувањето со мало стопанство е поедноставно и евтино, а тоа апсорбира многубројна работна сила, пa е во согласност со потребите за вработување. Малото стопанство е особено погодно за некои стопански дејности, за производственото и услужното занаетчиство и воопшто за услугите од различен вид. Погодно е за некои индустриски гранки, особено за лесната индустрија, градежништвото, угостителството и туризмот, потоа за транспортот, земјоделството, за работа во семејни домови, за разни фирми, за трговија на мало и др. и секаде каде што може да функционира врз принципот, на рентабилност.