Што е најдобро да прашате кога сте на интервју за работа?

6

intervju

Фото: Pixabay

Кога сте на жешкото столче и одговарате прашања поврзани со интервју за работа, целата ваша концентрација е во презентирање на најдобрите одговори. Па така, кога ќе дојде ред вие да прашате нешто често останувате без зборови.

Менаџерите, односно оние кои ги поставуваат прашањата ве оценуваат и тогаш кога вие треба да прашате нешто што ве интересира за компанијата. Затоа, обрнете внимание и на прашањата кои вие ќе ги поставите, доколку сакате да звучите паметно и да имате поголеми шанси за вработување.

Во едно истражување, од претпримачи и менаџери на различни компании било побарано да ги издвојат најдобрите прашања кои кандидатите им ги поставиле за време на интервју.

Еве го резултатот:

Што е потребно да ви одговорам за да ви го олеснам вработувањето?

Како очекувате оваа работна позиција да се развива во наредните три години? 

Кој е најфрустрирачкиот дел во работењето тука?

Како ги замислувате вашите идеални кандидати и што треба да направам за да станам еден од нив?

Како вие ја започнавте кариерата тука?

Што ве држи будни ноќе?

На кој начин мојата работа ќе придонесе за мисијата на компанијата?

Што би смениле кај мене, имате ли некакви замерки како кандидат за оваа позиција?