Што е podcast?

27

Фото: Pixabay

Podcast е еден вид на снимка од аудио дискусија на одредена тема. Вакви снимки можат да се најдат на iTunes и Spotify, но честопати се хостирани и на веб страни. Podcast може да се слуша во “движење“, додека се оди на работи, па и дури додека се работи.

Содржините доаѓаат и со претплата, па кога ќе излезе нова епизода од podcast-от, таа автоматски се зачувува преку тековник на мрежно емитување (RSS) на компјутерот, мобилната апликација или преносниот медиа плеер на корисникот.

Слушателите на ваков тип на аудио содржина се таргетирана публика, односно луѓе кои навистина ги интересира одредената тема. Тие не мора да чекаат радио емитување на дискусијата, можат кога сакаат да го слушаат избраниот podcast.

Речиси секој кој сака да сподели нешто и да комуницира со светот, може да направи свој podcast. Најчесто обработувани теми се бизнис, интервјуа, разни совети, е – трговија и слично.

На веб страните каде што има ваков тип на содржина обично се остава простор за слушателите да коментираат преку пораки за секоја епизода, односно да навлегуваат во дискусии со луѓе кои делат слични интереси.