Што е power nap?

37

Дали некогаш ве фатила дремка на работа? Не треба да се срамите од тоа, бидејќи експертите сметаат дека оваа пладневна дремка што трае околу половина час ја освежува работата на мозокот.

Во Јапонија и САД вработените имаат посебни простории каде што можат малку да дремнат (power nap) и потоа полни со енергија да продолжат со работата.

Повеќе од јасно е дека недоволното спиење влијае не само на здравјето, туку на целокупниот квалитет на животот. Се верува дека кратката пладневна дремка ја подобрува концентрацијата и ја зголемува ефикасноста на вработените. Получасовниот power nap го неутрализира заморот и ја зајакнува креативноста и концентрацијата додека се извршуваат важни задачи.

Ако вашата работа се потпира на бројки, имиња… што мора да ги запаметите, тогаш power nap е дури неопходен кога ќе почувствувате дека мозокот ви се кочи.

Идеалното трае на попладневната дремка е од 20 до 30 минути. Овој краток сон овозможува телото и умот да се одморат, но и лесно да се активираат за да се завршат веќе почнатите активности или да се почне со некоја прилично комплицирана задача.

Фото: Pixabay