Што е провизија?

2145

security-3182372_960_720Провизија е надомест за некакво посредување, обично изразена во проценти од вкупната вредност.

Целта на провизијата е дополнително да го поттикне продавачот на услугата за подигање на квалитетот на договорот. Висината на провизијата зависи од договорните страни. Најчесто ја плаќа купецот на услугата, но има и обратни ситуации.

Постојат повеќе видови на провизија: банкарска провизија, провизија кај агенциите за недвижности, хотелиерски провизии, провизии во осигурителните компании, брокерски провизии…

Банкарска провизија и се плаќа на банката за нејзините услуги, а секоја банка има своја утврдена тарифа.

Агенциите за недвижности, на пример земаат провизија при купопродажни договори како награда за посредништвото. Во случајов, кој ќе ја плати провизијата, зависи од договорот меѓу купецот и продавачот.

Провизиите во осигурителните компании се надомест кој осигурителната компанија ја плаќа на друштвата за осигурување, на агентите, брокерите и другите лица кои ги продаваат и пласираат осигурителните производи.