Што е регрес?

1613

counting-3125587_960_720

Фото: Pixabay

Регрес е законски договор што му дава на заемодавателот право на залог во случај заемопримателот да не е во можност да го подмири долгот. Регресот е всушност законско право на собирање на имот.

Позајмувањето на кредит им пружа заштита на заемодавателите, бидејќи се уверени дека имаат некаква гаранција за отплатата, без разлика дали е во готовина или во ликвиден имот. Компаниите што практикуваат регресен долг имаат понизок трошок на капитал, бидејќи постои помал ризик за позајмување пари на некоја фирма. Доколку заемопримателот не е во можност да го врати долгот, заемодавателот има легално право да му одземе имот.

Еден од најчестите примери за регрес заеми се кредитите за автомобили. На пример, заемодавачот може да одобри кредит на клиент за 25.000 евра за да купи ново возило. Бидејќи возилата се познати по значително намалена вредност по возење надвор од салонот, многу клиенти завршуваат задолжувајќи се повеќе отколку што вреди возилото.

Доколку на пример, кредитот е на шест месеци, а по истекот на овие шест месеци клиентот не може да го исплати кредитот, возилото може да му биде запленето и да вреди 20.000 евра, па тогаш клиентот мора да ја прифати загубата од 4.000 евра.

Еден од најзастапените начини на давање на заем е преку принципот на солемнизација. Солимнизација значи дека заемопримачот за износот на кредитот што го земал, одговара со целиот свој имот. За ова е потребно должникот да потпише нотарски акт со којшто на заемодавателот му го отстапува целиот свој имот доколку навремено не ги исплаќа ратите. Најчесто ваков тип на кредит земаат лицата кои немаат одредена недвижнина што ја достигнува вредноста на кредитот што сакаат да го земат или немаат одредена недвижнина што сакаат да ја заложат. Овие кредити се најчесто над 5.000 евра.