Што е стимулација?

944

Под стимулација се подразбира мерка со која нешто се поттикнува, односно се влијае за постигнување на  подобри резултати. Во економијата, под стимулација се подразбира збир од мерки со коишто се влијае на подобра работа при што се даваат парични награди, разни бенефити или поволности.

Исто така, тоа се мерки со коишто се очекува унапредување на една компанија во одредени сегменти што се стимулираат, при што најчесто се одобруваат кредити со ниска камата, продолжување на рок на отплата на кредитот, стимулација во вид на намалување на данок или други даночни повластувања.

Во последно време, многу често се користат и пакет мерки на стимулација особено во оние држави кои се борат со економска криза. На пример, пред неколку години јапонската влада покрена пакет стимулативни мерки, меѓу нив специјална кредитна политика со цел да го поддржи економското опоравување на земјата.