Што е трезор?

495

safe-913452_960_720

Фото: Pixabay

Трезор е посебна просторија во банките и други институции со каси и сефови осигурани од кражби и пожар. Наменети се за чување пари и други вредности (на пример на историски документи, книги, биолошки примероци).

Државите често имаат “државен трезор“ којшто всушност ја претставува државната каса.

Во банките секторот трезор е задолжен да управува со Трезорската сметка и со други сметки на државата, а врши и други работи утврдени со закон, од коишто позначајни се:

  • Водење регистар на буџетските корисници;
  • Отворање сметки во рамки на трезорската сметка;
  • Изготвување проекции за ликвидност на трезорската сметка;
  • Прием, обработка и евидентирање на барањата на корисниците за денарски и девизни плаќања;
  • Следење на наплатата на јавните приходи на Буџетот на Република Македонија и нивна распределба по корисници;
  • Следење на наплатата на приходите на единиците на локалната самоуправа и нивна распределба по корисници согласно со утврдени критериуми;
  • Водење на буџетско сметководство;
  • Евиденција на приходите и трошоците на Буџетот според утврдениот контен план;
  • Водење на сметководствена евиденција за девизните сметки;
  • Канализирање на пред-пристапните фондови на Европската Унија за Република Македонија;
  • Обезбедувањето цврста финансиска контрола, врз основа на екс-пост контрола, над реализацијата на финансиските договори склучени со институциите надлежни за проектите финансирани од ЕУ.

Трезорите се откритие од времето на златната грозница

Трезорите какви што денеска постојат, се појавиле во половината на 19-от век, за време на златната грозница во САД и тоа тогаш кога пронаоѓачите на злато кои не постигнале значителен успех во својата работа, одлучиле да почнат да ограбуваат, односно “своето“ злато да го бараат во банките.

Во тоа време, банките своите вредности ги чувале во сефови, а ограбувачите ги изнесувале сефовите низ прозор, ги носеле на сигурно место, па потоа ги отворале. Банкарите за кусо време одлучиле дека сефовите мора да ги заменат со нешто што не може да се изнесе од банка. Така, сефовите станувале се поголеми и потешки, а до 1920 година, повеќето банки имале огромни, вградени трезори, чии ѕидови и врати биле дебели и до еден метар.

Трезорите во Швајцарија се најбезбедни

Швајцарија е позната по своите банки, а тие по својата дискреција. Затоа, таму своето богатство го чуваат многу поединци од целиот свет. Дискретноста е голема до таа мера што на сопствениците на богатството им се дозволува да не остават никакви податоци за контакт. Овие банки денеска чуваат милијарди долари на веќе починати анонимни клиенти. Нивните сметки се ставени во состојба на мирување и со нив не располага никој.