Што е валута?

193

bills-496229_960_720

Фото: Pixabay

Валута е парична единица на една земја. Постојат книжни и ковани валути и нив ги издава државата или банката и служи како средство за размена, односно за управување на односот помеѓу добрата и услугите. Таа претставува форма на пари, каде што парите се дефинирани како средство за размена.

Обично, секоја држава има своја валута. Во Република Македонија официјална валута е Денарот и изнесува приближно 0,016 Евра за 1 Денар.

Валутна или монетарна зона е регион во којшто одредена валута има доминантна примена на пазарот на размена. За да се управува пазарот помеѓу валутните зони, постои курсот, односно вредноста на една валута во однос на друга. Валутите можат да се окарактеризираат како фиксирани или слободни, базирани на нивниот режим на размена.

Во поголемиот број случаи, државата има монополска контрола врз дотурот и производството на сопствената валута. Земјите членки на Европската Монетарна Унија, каде што оваа функција ја има Европската Централна Банка.

Се претпоставува дека валутата е воведена врз база на два основни изума. Употребата на бројачи за да се осигура дека стоката којашто се испорачува е идентична со таа којашто го започнала патувањето, и употребата на сребрени прачки како средства за размена.

Првите деривати во форма на монети се појавуваат некое време подоцна.

Зборот валута има италијанско потекло. Валута со најголем број корисници е Еврото. Таа е официјална валута на економската и монетрана унија на Европска Унија и единствена валута на околу 300 милиони граѓани во 19 земја на Унијата. Официјална валута е во Австрија, Белгија, Грција, Естонија, Ирска, Италија…