Што е важно да знаете доколку имате бизнис партнери во Европа?

112

pozdravuvanje

Фото: Pixabay

Секој претприемач сонува за проширување на бизнисот, рушење на бариерите на пазарот, како и отворање нови можности и нови клиенти од целиот свет. Кога станува збор за успешен бизнис надвор од границите на земјата, потребно е да се знае културата, традицијата, обичаите и преференциите на граѓаните од тие земји.

Сите овие параметри имаат важно влијание врз профитабилноста и создавање конкурентска предност на странските пазари. Токму затоа важно е да знаете кои се карактеристиките на бизнисмените и соработниците од повеќе делови од Европа.

Северна Европа

Во ова географско подрачје влегуваат Данска, Финска, Ирска, Исланд, Шведска и Велика Британија и она што ги поврзува сите овие земји е високото ниво на употреба на англиски јазик.

Во деловната комуникација, употребата на гестови, допирање или изразување емоции, најчесто не се добредојдени. Фактите и техничките детали се најважните елементи што најмногу се ценат и почитуваат. Точноста и прецизноста се знак на доверба и секогаш се очекува пристигнување на закажаниот состанок во точно определениот термин.

Швеѓаните, на пример, се неформални и нагласуваат отворен, демократски дијалог поделен во повеќе фази на преговори, додека почитување на воспоставениот протокол е клучен за градење доверлив деловен однос во Велика Британија.

Јужна Европа

Станува збор за бизнис партнери од Грција, Италија, Шпанија, Словенија и Малта. Спојот на културите што се дополнуваат го прават хомоген овој дел од стариот континент. Тоа важи не само за истите географски и климатски услови, туку и за начинот на комуницирање и почитување на деловниот бонтон.

Развивањето на лични односи и одржување силни врски со деловните партнери, како и контакти со вистинските луѓе во рамки на компанијата, има суштинско значење за овој дел од Европа. Културата во овој регион се насочува кон семејството, луѓето уживаат во слободните активности и имаат голема почит кон традицијата. Компаниите преферираат традиционална и хиерархиска структура, а блискиот и непосреден однос што го градат со партнерите отвора многу можности.

Западна Европа

Доколку имате соработници од Франција, Германија, Белгија, Холандија, Австрија и Луксембург, подолу ќе наидете на неколку интересни факти за луѓето од овие земји.

Заедничка валута во сите земји е еврото, сите се наоѓаат во иста временска зона, а политичките и економски структури во земјите се релативно стабилни. Кога станува збор за деловниот бонтон, помалку се цени градењето на лични односи, а повеќе се почитува формалноста во работата и документираноста. Кога за некого се зборува формално, бизнисмените од Австрија, Франција, Германија и Луксембург имаат тенденција да го именуваат со полно име и презиме, додека во Белгија и Холандија повеќе се користи само името.

Во сите земји, освен во Франција, англискиот јазик, па дури и германскиот, се користат како официјални јазици. Вложувањето во студентска пракса е од примарно значење во Германија и Франција, исто така важно е и во Австрија и Холандија, додека тоа и не е најпопуларно во Белгија.