Што е vishing?

130

Phishing претставува техника што ја користат сајбер криминалци кои со помош на лажни, но уверливи, електронско пораки или интернет страници, се обидуваат да најдат “жртва“ која ќе сподели вредни податоци (шифри, пин кодови, лозинки).

Од друга страна, vishing претставува комбинација од phishing и voice (глас). Со други зборови, станува збор за измама по телефон. Измамниците со помош на телефонски повик се обидуваат да дојдат до лични и финансиски податоци на граѓани. Тие вообиаено се претставуваат како вработени во некоја банка или друга позната финансиска институција и од жртвата бараат да им уплати одреден паричен износ на непозната сметка.

За да може да се препознае дека станува збор за измама по телефон, доколку добиете таков повик треба да знаете дека кажуваат дека има некаков проблем со вашата сметка и бараат од вас да им го издиктирате бројот на дебитната или кредитната картичка.

Ова е премногу сомнително, бидејќи ниту една банка нема телефонски од вас да побара да префрлите пари на друга сметка. Исто така, ниту една банка нема од вас да побара од вас да им го кажете пинот на картичката или некоја друга доверлива информација. Затоа, бидете внимателни и не ги давајтевашите лични и финансиски податоци на лица кои не ги познавате.

Доколку се сомневате дека нешто вакво ви се случило, веднаш обратете се до банката и пријавете го случајот.

Фото: Freepik