Што е витално за успех на маркетерите?

45

Во ова море од информации многу е тешко да се направи дистинкција на она доброто, вистинското и практичното. Токму таква тешка задача имаат маркетерите коишто за рекламирање на својот производот или услуга ја користат технологијата и сè што таа нуди на располагање.

Неколку експерти меѓу кои и наш успешен Македонец, Климе Мицковски, преку престижниот магазин Forbes, советуваат како интернет маркетерите да постигнат успех.

Видео аналитика

Видеата се толку присутни што маркетерите мораат да ги поместуваат границите за да го задржат вниманието на публиката. Во просек на секоја минута на  YouTube се прикачуваат 300 часови видеа, а дневно на Facebook се гледаат околу 100 милиони часови видеа. Затоа треба да се биде “вооружан“ со вистнските алатки за подобро следење на брендот низ текст, слика и видеа. Благодарение на вештачката интелигенција може да се следат споменувањата на одреден бренд во видеата и тоа не само од каналите на маркетерите туку од секаде – Хеба Саед, маркетинг менаџер во IBM Watson Customer Engagement.

Активни корисници на дневна база

Корисниците на социјалните медиуми денес се преплавени со реклами на нивните профили, па успехот на кампањата треба да се мери според тоа како се истакнува рекламата во сиот тој “метеж“, вели Климе Мицковски, одговорен во секторот дигитални производи и анализа на податоци во Sky News Arabia. Според него, детектирањето на бројката на дневни корисници може да помогне на маркетерите да се поврзат со лојалните и активните корисници.

Променливост

Сите моментални мерења што постојат од типот на вклученост, импресии, интеракции и слично се само бројки доколку не ја гледаме нивната променливост односно порастот и опаѓањето наспроти конкуренцијата или сопствената историја на содржината – Џамал Ал Маед, основач и директор во Gambit Communications.

Релеватност на содржината

Иако содржината е креирана да стане вирална, нема да биде многу од корист ако не се таргетира на публиката којашто треба да ја види. Маркетерите треба прво да се осигураат дека содржината што ја пласираат е релевантна за целната публика, вели Сара Куртис ко-основач и директор на POP Communications.

Фото: Pexels