Што ја убива вашата продуктивност

51

produktivnost

Фото: Pexels

Во текот на работниот ден располагаме со одредено време за да ги завршиме задачите, но понекогаш не ни стига за да завршиме сè. Честопати, на крајот од денот чувствуваме дека сме непродуктивни, но можеби причината за ова не е времето, туку неговото неправилно искористување. Со цел да ги постигнете поставените цели и да го поминете денот продуктивно, Еntrepeneur ги издвојува овие четири совети:

Социјални медиуми

Социјалните медиуми може да ја убијат вашата продуктивност на работа, освен ако од вашата компанија не сте задолжени да ги водите. Социјалните медиуми се многу корисни ако се вмрежувате, поврзувате со стари пријатели или ги следите последните трендови, но ако немате корист и ги користите за озборување, тогаш само го трошите времето.

Состаноци

Состаноците во последен момент или без агенда може да одземат многу од вашето време. Размислете за состаноци на кои сте присуствувале во текот на неделата. Колку од нив беа навистина неопходни? Веројатно малку. Затоа, неопходно е да научите да велите “не“ за непотребните состаноци и да се фокусирате на вистинските задачи што треба да ги завршите. Доколку постои некој проблем, би можеле да го решите со телефонски повик или групен разговор, бидејќи не ви е потребен состанок за секој проблем.

Електронска пошта

Мејл пораката што постојано се појавува на мониторот може да го одзема вашето внимание. Постојаното проверувањето на пораките ве дефокусира од задачата на која работите. Освен ако чекате навистина важна порака, пожелно е да си подготвите распоред во кој период од денот треба да ја проверувате електронската пошта (наутро, по ручекот или попладне). Истото важи и за пораките и говорните пораки на вашиот телефон.

Мултитаскинг

Мултитаскингот ја убива продуктивноста. Мултитаскингот го дели вашето внимание помеѓу извршувањето на задачите и откако секоја задача добива помало внимание, ви треба повеќе време за да ја завршите. Работете на една задача и продолжете кон извршување на другата откако ќе ја завршите целосно претходната.