Што ќе направите ако на улица пронајдете полн паричник?

39

Фото: Pixabay

Дали некогаш ви се случило на улица да пронајдете паричник полн со пари и лични документи? Што е првото нешто што го правите и дали ќе тргнете во потрага по сопственикот, ќе го оставите или ќе ги земете само парите и ќе заминете?

Одлуката за многумина е индивидуална и зависи од повеќе фактори. Но, тим научници работеше на гломазен експеримент во којшто беа вклучени над 170.000 “загубени“ паричници во 335 градови во 40 земји од светот. Во секој од тие паричници, како што пишува La Times, имало листа за намирници, клуч, три визит картички со исто машко име и електронска пошта. Некои од нив биле празни, а други имале околу 13,50 долари.

Паричниците, празни или полни, биле оставани во банки, театри, музеи, хотели, полициски станици и во судови.

Резултатите од истражувањето покажуваат голема разлика меѓу земјите. Но, еден податок говори дека паричниците со пари почесто се враќани, одошто оние што биле празни.

Глобалниот просек на враќање на “загубениот“ паричник без пари е 40%, додека кај полните тој достигнува 51%.

Меѓу најчесните земји, каде што се враќаат празните паричници се: Швајцарија, Норвешка и Холандија (70%), додека на дното се Перу, Мароко и Кина.

Данци, Швеѓани и Новозеланѓани се лидери кога станува збор за враќање на полн паричник, додека на дното се жителите на Кенија, Перу и Мексико.