Што може да им ги “проголта“ работните места?

58
Illustration vector of various careers and professions

Кризата предизвикана од пандемијата остава длабоки последици во општеството како целина. Работните места на милиони луѓе се ставени под знак прашање, токму поради неизвесноста што со себе ја носи пандемијата.

Според анализата на Eurostat, најголем ризик за привремено отпуштање има во два сектори и тоа сместување и храна. Со најголем ризик дека ќе останат без работа поради пандемијата имаат работници на определено време, младите вработени (од 16 до 24 години) и нискоквалификуваните работници.

Луѓето со пониски примања, вклучувајќи ги и оние кои се под прагот на ризик од сиромаштија, најверојатно ќе добијат привремен отказ или ќе ја изгубат работата. Помладите и нискоквалификуваните, како и оние во секторите сместување и храна, се меѓу најбројните вработените, па поради тоа се од зголемен ризик дека ќе останат без работа.

Фото: Freepik