Што нè спречува да бидеме иновативни?

20

inovacii

Фото: Pexels

Доколку сите размислуваме на ист начин, тогаш никогаш немало да се променат работите, ниту пак ќе се дошло до изумите што денеска ги уживаме. Иновацијата игра важна улога во развој на човештвото и општеството, но исто така е спречувана токму од нив, поради потребата од котрола. Уште како деца не учат дека треба да припаѓаме во толпата и дека треба да се претопиме со неа, односно да не се разликуваме. Општеството преку своите мерки за воспоставување на контрола се труди сите луѓе да ги унифицира и да ги стави во одредени рамки. Меѓутоа, доклку сите луѓе се конформисти, тогаш нема да се случи никаков напредок ниту иновација.

Многу луѓе не се свесни дека тие всушност самите себеси несвесно се попречуваат во искористувањето на сопствените креативни капацитети. Доказите собрани од истражувањата во неколку дисциплини, укажуваат на тоа дека било кој што е доволно интелигентен да биде добар во нешто, може да биде многу поиновативен отколку што мисли. Повеќето луѓе имаат огромен иновативен потенцијал за којшто воопшто не се свесни. Видете кои се шесте најчести и најсилни пречки за иновацијата и ако одредена бариера препознаете дека силно влијае врз вас, тогаш фатете се за работа на себеси:

1. Претерана потреба за воспоставување на ред

Самиот општествен систем е заснован на одредени правила и прописи. Уште од најрана возраст ни наметнуваат начини на кои треба да се однесуваме и доколку не ги почитуваме, следува казна. Образовниот систем не учи како да размислуваме на ист начин, за да можеме да функционираме и да се интегрираме во даденото општество. Власта има инструмент за контрола врз граѓаните, а и црквата исто така има канони што треба нејзините верници да ги почитуваат. Но, понекогаш некој сака премногу да воспоставува ред. Кога се се одвива според планот, правилата и прописите, иновацијата ја снемува.

2. Немање доволно волја за импровизација и игра

Играта е составен дел од животот на децата, но таа исто така треба да биде присутна во текот на целиот живот. Кретивноста бара спремност за играње, сонување со отворени очи и поместување на границите на реалноста. Иновативните луѓе си играат со предмети, зборови и идеи. Сите оние што се плашат да играат, што имаат грижа на совеста кога се забавуваат и мислат дека изгледаат глупаво, ретко измислуваат некакви новини. Тие живеат во веќе поставените рамки од општеството и не размислуваат “надвор од кутијата“.

3. Кратковидост во однос на ресурсите – нивно не препознавање

Општеството не калеми уште од најмала возраст и ни поставува рамки низ кои треба да ги гледаме работите. Доколку не ги гледаме низ таа призма, односно “онакви какви што се“, тогаш се крева голема врева, па некогаш дури следуваат и казни. Но, кога ги гледаме работите на тој веќе востановен начин, го пропуштаме тоа што би можеле да бидат, а тоа претставува основата на иновацијата. Еден чевел покрај обувка за носење, би можел да биде чекан, оружје или нешто од кое би можеле да пиете вино.

4. Неподготвеност за преземање на ризик

Луѓето не почнуваат нешто ново за коешто не се сосема сигурни, затоа што се плашат од неуспех. Самото општество го осудува неуспехот, а кој сака да биде осуден, па затоа повеќето живеат во комотните зони. Но, ако ништо не ризикуваш, тогаш ништо и не добиваш.

5. Страв да се биде различен

Уште како деца ни наметнуваат ставови кон кои треба да се придржуваме и да ги почитуваме без разлика дали со нив се согласуваме. Како деца не учат дека не треба да кажуваме нешто се дека не бидеме прашани, а како возрасни дека не треба да се наметнуваме.

Повеќето луѓе имаат чувство дека мнозинството има право. Но, често мнозинството продолжува да работи на стариот начин, а можеби постојат други и подобри начини. Затоа секој човек треба да си ја почитува сопствената индивидуалност и да има самодоверба. Доколку чувствува дека начинот на делување е правилен и дека идејата е добра за него и околината, тогаш треба да се посвети и да ја реализира, без ралика на мислењето на дргите.

6. Претерана самоувереност

Истражувањата покажале дека колку повеќе некој се чувствува сигурен за нешто, толку помалку е отворен за нови пристапи во таа област. Самодовербата е клучен двигател во реализацијата на идеите, но самоувереноста во знаењето што го поседуваме понекогаш претставува препрека во иновативноста. Доколку мислиме дека поседуваме големо знаење за дадената област и се сметаме за специјалисти, тогаш се ограничуваме и не восприемаме, ниту пак бараме нови информации.