Што не треба да правите кога сте на деловен состанок

485

smartphone-505851_960_720

Фото: Pixabay

Постојат одредени правила во корпоративниот свет што треба да се почитуваат, особено кога се одржуваат деловни состаноци. Колку и да не ве интересира темата за којашто се зборува, ваша должност е да го почитувате времето, останатите присутни и да се однесувате како што прилега за еден професионалец.

Оставете го телефонот

Многумина не го почитуваат правилото дека телефонот треба да биде исклучен за време на деловните состаноци. Не само што не внимавате што се зборува, туку со тоа покажувате дека и воопшто не ви е грижа за компанијата и за оние што работат во неа. Оставете го телефонот, повиците можат да се направат и по состанокот.

Не пребарувајте на интернет

Колку и да мислите дека е можно да внимавате на состанокот додека пребарувате на интернет, вистината е токму спротивното. Мултитаскингот е добар во одредени ситуации, но не и кога треба да се фокусирате на темата на состанокот што директно или индиректно се поврзува и со вас.

Не работете нешто што не треба

Можеби сте преоптоварени со работа, но обидете се кога сте на состанок да не работите ништо друго. Бидете професионални до крај и посветете се на состанокот. Останатата работа може да почека.

Воздржете се од јадење

Не е културно да јадете додека некој зборува и се труди да објасни нешто. Освен во случаи каде што состанокот е од таков тип, односно деловен ручек или вечера, храната не е дозволена. Ако јадете, ќе им го одвлекувате вниманието и на останатите.

Не разговарајте за други теми

Сигурно имате многу работи на ум, но оставете ги за подоцна. Не разговарајте со колегите за сосема трета тема кога треба да внимавате на состанокот. Не ги наведувајте и останатите на несоодветно однесување.

Не помислувајте да станете и заминете

Освен ако не се работи за итна ситуација, ваша обврска е да останете до самиот крај на состанокот.