Што (не) треба да правите кога сте во овие земји

27

japonija

Фото: Pexels

Неколку правила на однесување што треба да се почитуваат за да не оставите погрешен впечаток кога патувате во…

Норвешка

Не ги одвиткувајте цвеќињата пред да им ги подарите. Тоа го прават Германците. Не очекувајте специјален третман. Норвежаните се многу неформални при обраќањето. Дури и на премиерот на државата му се обраќаат по име.

Не поставувајте прашања за црква. Повеќето не посетуваат цркви, па ова прашање би било непристојно и чудно за нив.

Немојте да гледате во голи луѓе. Норвежаните се многу слободни кога се наоѓаат на плажа, но сепак очекуваат да ги одминете со погледот.

Јапонија

Не оставајте напојница. Тоа едноставно не е дел од нивната култура.

Не влегувајте со обувки во нечиј дом. Јапонците имаат посебен дел за чевли genkan, каде истите треба да се соблечат.

Не прегрнувајте луѓе при првата средба. Особено не постари лица.

Не застанувајте на погрешна страна на подвижните скали. Во Токио се стои на лева, а во Осака на десна. Правете како што прават другите.

Русија

Не подарувајте парен број на цветови. Ова правило кое го имаме и ние важи и во Русија.

Не се потпирајте на кредитната картичка. Во многу места во Русија прифаќаат само готовина.

Не зборувајте за политика. Тема на критика е честопати владата, па на Русите не им се потребни и вашите коментари во врска со тоа.

Кенија

Покажете почит кон религијата. Кенијците се многу религиозни. Дури 80% се христијани и не дозволуваат никој да им ја потцени верата.

Бидете трпеливи. Сè во Кенија доцни, затоа морате да бидете трпеливи.

Не се обраќајте се во прво лице. Прифатливо е “господине, госпоѓо, мадам” или професијата на личноста како “докторе” и слично.

Турција

Не го правете знакот за одлично со палецот и показалецот. Се смета за навредливо во Турција.

Внимавајте со алкохолот. Доволно е само една чашка во посебни прилики. Ако испиете малку повеќе ќе добиете многу негативни поени.

Носот не се дува во јавност. Освен тоа не е културно и да се чепкаат забите во ресторани, кафулиња барови.

Франција 

Не очекувајте многу вегетаријански опции. Французите не се многу наклонети на вегетаријанскиот начин на исхрана, особено постарите лица кои го сметаат тоа за чудно, радикално однесување.

Не зборувајте за пари. Воздржете се од разговори за вакви или онакви суми.

Не очекувајте луѓето да зборуваат англиски. Не го сакаат англискиот и самата држава не се труди многу да ги образува во таа насока. Французите си го сакаат францускиот јазик.

Германија

Не се поздравувајте со нацистичкиот поздрав дури ни на шега. Секој што го прави тоа или носи нацистички симбол ризикува да биде уапсен.

Не зјапајте. Ќе ве сметаа за необразувани или ментално болни.

Не се однесувајте премногу пријателски. На Германците им треба повеќе време за да се зближат со некого.

Не посакувајте среќен роденден пред да дојде денот. Во Германија тоа се смета за лоша среќа.

Англија

Секогаш чекајте ред. Во ниту еден случај немојте да одите преку ред, било каде.

Не прашувајте колку заработуваат. Ако навистина сакате да дознаете поставувајте прашања од типот каде работат, што возат, каде одат на одмор и самите проценете.

Не поканувајте луѓе на гости ако не ги познавате навистина добро.

Индија

Не се бакнувајте во јавност. За јавно искажување на емоции може да завршите во затвор.

Не остварувајте било каков физички контакт со спротивниот пол, освен ако самите не подадат рака за прегратка или ракување.