Што не треба да правите првите 10 минути од работниот ден

33

time-1720395_960_720

Фото: Pixabay

Како ќе ги потрошите првите неколку минути од работниот ден влијае на вашата продуктивност во наредните осум часа. Ако често доцните на работа или “заглавувате“ во одговарање на електронската пошта може лесно да излезете од колосек и остатокот од денот да го минете обидувајќи се да се фокусирате. Business Insider наведува што не треба да правите првите десет минути откако ќе пристигнете на работното место.

Доцните

Ако доцните на работа може да си го уништите работниот ден уште пред да започне. Истражувањата покажуваат дека менаџерите ги гледаат вработените кои доцнат на работа како несовесни личности, а истото мислење го имаат и за оние кои заминуваат доцна. Затоа, внимавајте на вашата точност.

Не ги поздравувате колегите

Поздравете ги колегите кога влегувате во работната просторија. Одвојте неколку минути да поразговарате со нив. Со создавањето на тивка ограда преку вашата работна маса може да изгледате понедостапни за колегите.

Одговарате на сите пораки од електронската пошта

Ако седнете пред компјутер и веднаш почнувате да одговарате на мејловите што ви пристигнале може да изгубите драгоцено време. Најдобро е прво да ги скенирате и издвоите мејловите по важност. На тој начин може да утврдите што е итно и да направите план како ќе ги одговарате. Проверувањето на електронската пошта може да биде задача за којашто мислите дека успешно сте ја завршиле, но постои опасност да не работите според приоритет и да дозволите другите да ви ја креираат агендата.

Немате план

Пред да започнете со работа треба да знаете кои се вашите приоритети и да подготвите агенда за извршување на работните задачи.

Почнувате со најлесните задачи

Енергијата и волјата за работа се намалуваат со изминувањето на работниот ден. Затоа, важно е потешките работи да ги завршите на почетокот на работниот ден.