Што нуди Ikea во Загреб за ручек?

58

hrana ikea

Освен по квалитетот и поволниот мебел, шведската компанија Ikea е позната и по скандинавската кујна. Од 21 август во Загреб, купувачите на производи за домот од шопингот и разгледувањето ќе можат да здивнат со вкусен ручек или вечера во ресторанот на Ikea, пишува Пословни дневник.

Како што стои на интернет страницата, Ikea има соработка со добавувачи и компании со цел да ги подигне стандардите околу храната, па така во своите ресторани секогаш нуди барем еден еколошки прифатлив специјалетет со органски состојки, и барем едно еколошко јадење наменето за најмладите.

Од понудата на Ikea во Хрватска вреди да се издвои филета лосос со медалјони од зеленчук во сос од лимон и копар, како и познатите ќофтиња на традиционален шведски начин, со компири и џем од брусница.

Лососот на Ikea се одгледува во бистрите и студени води во Норвешка, а е посебно вкусен извор на омега 3 масни киселини, што се неопходни за здравјето на луѓето. Од 1960 година само во Велика Британија Ikea продала повеќе од 11 милијарди ќофтиња, што говори за нивниот вкус и препознатлив квалитет.

За најмладите Ikea подготви посебна понуда – децата до 14 години можат да уживаат во порција од пет ќофтиња со компири, сос и џем од брусница. За секое мени што ќе го нарачаат возрасните, бебињата добиваат бесплатна еколошки прифатлива храна.