Што се хеџ фондови?

0

Хеџ фондовите, односно нивните менаџери вложуваат пари во сè што мислат дека е можно да донесе профит. Тие обично не го “мерат“ својот перформанс врз основа на одреден индекс или репер и се фокусираат на позитивен исход без разлика на околностите. Тоа се фондови што не подлежат на контрола од регулаторни тела.

Менаџерите на хеџ фондовите инвестираат во широк спектар на средства, вклучувајќи: акции, обврзници, фјучерси, опции. Исто така, користат повеќе различни инвестициски стратегии, независно од условите на пазарот, па оттаму е тешко да се предвиди каков би бил крајниот резултат.

Доколку инвестирате во хеџ фонд, треба да знаете дека вашата инвестиција примарно зависи од вештините на менаџерот и неговите одлуки. Во рамки на фондот, менаџерот подигнува средства од надворешни инвеститори и потоа ги инвестира според ветената стратегија.

Може да се каже дека хеџ фондовите се најризични фондови и често се нарекуваат “фондови за обложување“, па затоа оние кои инвестираат во нив, најчесто имаат сума на располагање што можат да си дозволат да ја изгубат.

Фото: Pixabay