Што се крие во психолошките тестирања за работа?

109

Дали ви се случило да ве викнат на разговор за работа, но претходно да ви понудат да решите психолошки тест? Најверојатно веднаш ќе се почувствувате под стрес бидејќи не сте сигурни дали ќе ги одговорите точно сите прашања, но целта на овие тестови не е во точните одговори, туку нешто друго.

Најчесто се прават прашалници со коишто идниот работодавач ќе дознае за тоа каква личност сте, кои се вашите ставови и слично. Одговорите не можат да бидат точни или погрешни, бидејќи целта на нивното решавање е да се открие како личноста се гледа себе во споредба со резултатот што произлегува од некои нормативи.

Психолошкото тестирање или решавање на прашалник е само еден дел од процесот на селекција, но тој има неколку предности, за разлика од интервјуата на коишто може да се остави субјективен впечаток, психолошкото тестирање е пообјективно.

Преку резултатите од направениот тест, во прв план излегуваат и оние кандидати кои имаат некои слабости или недоволно работно искуство.

Секоја компанија бара кадар што најмногу ѝ одговора, но кај големи компании постојат системи што овозможуваат профилирање на различни видови на вработени, за различни работни позиции со широк спектар на искуство, знаење, стручност и ниво на психолошка подготовка.

Фото: Freepik