Што се субвенции?

474

money-2180330_960_720

Фото: Pixabay

Субвенцијата е форма на финансиска помош или поддршка што се дава на економски сектор, институција, бизнис или поединец, најчесто од владата.

Тие обично се во форма на готовинско плаќање или даночно намалување. Субвенцијата се дава за отстранување на некој вид на товар, и често се смета дека е во општ интерес за јавноста, затоа што се користат да се промовира општествено добро или економска политика.

Субвенциите доаѓаат во разни форми, вклучувајќи: директни (готовински донации, бескаматни заеми) и индиректни (даночни олеснувања, осигурување, кредити со ниски камати, забрзана амортизација) .

Директни наспроти индиректни субвенции

Директни субвенции се оние што вклучуваат реална исплата на средства кон одреден поединец, група или индустрија.

Индиректни субвенции се оние што не поседуваат однапред одредена парична вредност. Тие можат да вклучат активности како што се намалување на цените за потребните стоки или услуги кои можат да бидат поддржани од владата. Ова им овозможува на потребните предмети да се купат под постоечката пазарна стапка, што резултира со заштеда за оние на кои субвенцијата е доделена за да им помогне.

Примери на субвенции

Постојат многу форми на субвенции што ги дава владата. Два од најчестите типови на индивидуални субвенции се социјалните плаќања и бенефициите за невработеност. Целта на овие видови субвенции е да им се помогне на луѓето кои привремено имаат потреба од помош.

Други субвенции, како што се студентски кредити, се дадени за да се поттикнат луѓето да го продолжат своето образование.