Што треба да направите кога не познавате никој на средбата

40

За некои луѓе е лесно да започнат разговор со непознати и набрзина да се вклопат во новата средина. Но, има и такви на кои тоа им оди малку потешко.

Во продолжение неколку начини како треба да се однесувате кога се наоѓате во просторија каде што не познавате никој.

Побарајте некој друг што е сам

Доколку забележите и некој друг кој стои сам како вас, пријдете му. Претставете се и започнете едноставен разговор. Ако наидете на позитивни “вибрации“ продлабочете ја дискусијата на теми што ве интересираат.

Застанете каде што е храната

Најлесно е доколку сте сами на некој настан, да се приближите до масата со храна и пијалак. На тој начин ќе бидете “зафатени“ со дегустација и ако наидете на некој друг таму, во секое време, може да размените по некој збор за тоа што организаторот понудил на менито.

Дојдете подготвени

Не доаѓајте неподготвени особено кога не познавате никој. Сработете си ја домашната задача – дознајте кои луѓе ќе бидат присутни, “соберете“ знаење за индустријата и слично. Така полесно ќе можете да се приклучите во разговорите на релевантни теми.

Поставете си цел

Исто така добро е и да имате поставени цели што сакате да ги остварите за време на состанокот/настанот. Нов клиент, проширување на знаењето, нови познанства и друго. На тој начин ќе мора да бидете доследни на ветеното и целта ќе ве води напред.

Бидете од помош и побарајте помош

Добро е да понудите помош доколку гледате дека на некој му е потребна. Тоа се однесува и на вас, не се срамете да прашате или да замолите некој да ви помогне со нешто. Оттука полесно ќе произлезе разговор, дискусија, а може и пријателство, соработка…

Фото: Pexels