Што треба да направите кога преговарате за плата

24

На многумина им е непријатно кога треба да се преговара за плата со работодавачот. Зголемување на постоечката плата или одредување на цифра при вработување се прашања на коишто одговорот не доаѓа лесно.

Експертите имаат неколку совети чијашто цел е олеснување на процесот.

Плата од – до

Кога работодавачот ќе побара од вас да кажете колку плата треба да земате, не се држете до една цифра. Наместо тоа, наведете го опсегот на плата што другите во вашето поле ја имаат. Секако, потребно е да го потенцирате минимумот без којшто не би работеле.

Не се потценувајте

Бидете реални и во ниеден момент не ја потценувајте вашата вредност. Настојувајте вашата плата да биде поголема од таа што претходно сте ја земале. Тука не ги заборавајте и разните придонеси коишто треба да бидат вклучени во истата.

Направете мала вежба

Најдете некој што ќе ја игра улогата на работодавач и вежбајте го вашиот преговарачки говор пред него/неа. Можеби ќе сакате да чуете искрено мислење од личност на која ѝ верувате и евентуална сугестија за што поефикасен “настап“.

Сигурност во себе

Ако сте направиле истражување на пазарот и ги имате релевантните податоци за тоа како се движат платите во одредениот сектор може да настапите посигурно. Верувајте со своите способности и можности, за да можат и другите да поверуваат.

Не ја прифаќајте првата понуда

Не ја прифаќајте првичната сума. Сепак, станува збор за преговарање, па обидете се да изнудите што е можно повисока плата, поткрепена од фактите. Доколку ви треба време да размислите, побарајте го тоа.

Достоинственост

Без разлика на крајниот исход, не заборавајте да останете достоинствени и професионални. Не подлегнувајте на емоциите, доколку преговорите за излезат неуспешни.

Фото: Pexels