Што треба да направите пред секоја голема одлука

12

Ви претстои голема одлука? Направете ги следниве чекори.

concept-1868728_960_720

Фото: Pixabay

Рационално размислување

Прво разгледајте ги работите низ призмата на рационалното. Направете анализа на секој сегмент, на сè што може да тргне на добро или лошо.

Интуиција

Кога ќе се најдете во ситуација каде што треба да бирате помеѓу неколку опции, вашата интуиција ќе ви помогне да се решите. За да си помогнете во вакви моменти престанете да размислувате за било што друго, фокусирајте се на вашиот внатрешен глас.

Соочување со стравот

Промената секогаш предизвикува емоции и не помрднува од комфорната зона. Ако не се соочиме со стравот, нема да може да го совладаме, односно нема да можеме да донесеме одлука.

Поглед кон иднината

Треба да знаете што сакате од иднината, што е вашата цел. Така полесно ќе можете да одлучите и да ги земете работите во свои раце.

Побарајте совет

Не е страшно ако побарате совет. Напротив пожелно е да прашате некој близок, човек на кој му верувате. Советот може само да ви помогне, но сепак одлуката ќе биде ваша.