Што треба да направите за да имате успешно бизнис партнерство

40

biznis-partneri

Фото: Pixabay

Како да го негувате, заштитите и претворите во успех вашето бизнис партнерство, во продолжение.

Доверба

Без доверба не може да се гради бизнис партнерство. Таа се гради долго, а може да се уништи за секунда. Довербата, пак, бара искреност, а понекогаш искреноста може да биде навистина тежок избор. Најлош начин да ја разнишате довербата е одложување или одбегнување да се сподели одредена информација од страв дека истата може да го фрли сенка на партнерството. Разните оправдувања, за тоа како прикривањето е подобро од кажувањето на вистината, нема да помогнат кога ќе треба да се соочите со другата страна. За да умеете да ја зачувате довербата ставете се на местото на партнерот.

Кога не ѝ веруваме на другата личност и самите живееме во нереален свет каде не сме способни за соочување. Вистината е секогаш најдобар избор, а ваша работа е само да му верувате на партнерот дека има способност истата да ја поднесе и да се справи со неа каква и да е.

Искреност

Да се покажат силните страни е лесно. Но, кога формираме партнерство треба да бидеме подготвени да ги прифатиме сите лоши страни што ги имаме и да го запознаеме партнерот со нив. Тој/таа треба да умее да ги прифати маните, затоа што самото партнерство се состои во тоа – меѓусебна поддршка во патот којшто сте одбрале да го изодите заедно.

Понекогаш искреноста може да звучи брутално, жестоко и да не ни се допадне на прв поглед, но таа е вистинска, таа ќе каже каде сте и дали треба да го смените правецот во којшто се движите.

Посветеност

Партнерствата како во животот така и во бизнисот можат да страдаат. Не постои партнерство каде барем еднаш не дошло до расправија поради различни мислења и ставови. Сепак, она што ги разликува успешните бизнис партнерства е тоа што во таков случај партнерите ќе сторат сè за да се разберат еден со друг, да најдат заеднички јазик и што побезболно да го решат проблемот.

Единствената формула партнерството да успее е посветеноста кон истото, верување во донесениот избор и стремеж за зачувување на врската што треба да создаде успех. Вистинските партнери се оние кои свесно одбрале да делат нешто со вас, да создаваат заеднички и безрезервно да даваат поддршка.

Без доверба, искреност и посветеност не можат да се водат и победат малите и големи битки на коишто секој бизнис кога – тогаш наидува, затоа нека бидат ваши сопатнички во секој момент од денот.