Што треба да содржи секој работен простор

121

За продуктивноста на биде на ниво, секоја компанија треба на своите вработени да им обезбеди услови во коишто ќе можат непречено да работат. Доколку нешто недостасува може да се забележат одредени проблеми уште на почетокот, а работодавачите сигурно не би сакале бизнисот да трпи.

За почеток, потребно е функционално биро и соодветен стол што ќе се прилагодува на вработениот.

Во текот на летните месеци при високи температури, и во текот на грејната созона, потребно е прилагодување на температурата во работната просторија. Без задолжително ладење и греење не би можело продуктивно да се работи.

Вработените мора да јадат, да се напијат кафе, чај, сок, па затоа потребна е мини кујна, за да не мора сето тоа да го прават на работното биро. Особено доколку се работи во океан систем, каде сите вработени се во една соба, потребно е да имате други простории каде што ќе можат да “избегаат“ накратко, за да се релаксираат или да добијат малку приватност.

Докажано е дека природната светлина е потребна додека се работи поради тоа што дава енергија, ја поттикнува мотивацијата и нè држи будни. Затоа секој простор во работната средина треба да добива доволно сончева светлина.

На вработените треба да им биде обезбедена потребната опрема, од типот на принтери, скенери и останат канцелариски материјал, за да може работењето да се одвива непречено.

Фото: Pixabay