Работете како да не ви требаат пари, сакајте како никогаш да не сте биле повредени и танцувајте како никој да не ве гледа.
Не постои скратен пат до местото на кое вреди да се појде.
Успехот доаѓа кај оној што денес го прави тоа што ти мислиш да го направиш утре.
Способноста можеби ќе ве однесе до врвот, но само карактерот може да ве задржи таму.
Додека едни сонуваат за успех, другите се будни и работат вредно за да го постигнат.
Поентата не е во тоа да го видиш она што никој досега не го видел, туку да размислуваш како што никој досега не размислувал, за нештата кои сите ги гледаат.
Луѓето или ве инспирираат или ви ја црпат силата, затоа бирајте внимателно.
Некои луѓе сами си ги создаваат бурите, а потоа се лутат кога ќе заврне.
Не чекајте посебни прилики, зграбете ги малите, секојдневните и направете ги вредни за паметење.
Во животот нема граници, освен оние што самите ќе си ги поставиме.
Трикот за успех лежи во тоа дали ќе се обесхрабриме или ќе застанеме цврсто пред предизвиците. Обемот на работа и без тоа ќе си остане ист.
Aко во животот немаш цел тогаш сигурно ќе бидеш нечија мета.
Денес луѓето ја знаат цената на се, но не ја познаваат вредноста на ништо.
Клучот на успехот е свесно да се фокусираме на работите кои ги сакаме, а не на оние од кои се плашиме.
Големите умови често наидуваат на силен отпор од оние слабите.
На животната патека секогаш ќе наидуваме на камења. Од нас зависи дали ќе ги искористиме да изградиме мост и продолжиме понатаму, или ѕид пред кој ќе застанеме.
Грижата не помага да се решат утрешните проблеми, таа само ја црпе силата од денешниот ден.
Животот не се состои во чекање бурата да помине, туку во умешноста да се танцува на дождот.
Успехот не се мери со позицијата што сте ја достигнале, туку со пречките што сте успеале да ги совладате на патот до успехот.
Лидерството е акција, не позиција.
Ако го сакаш виножитото, мора да го истрпиш и дождот.
Успех е да го добиеш она што го сакаш. Среќа е да го сакаш она што го добиваш.
Искуството ти кажува што да направиш, самодовербата ти помага да го направиш.
За да можеш да ги водиш другите треба да бидеш подготвен да чекориш напред сам.
Успешен бизнис значи дека некој, некогаш донел смела одлука.
Победниците никогаш не се откажуваат, а оние што се откажуваат никогаш не победуваат.
Секогаш верувајте дека нешто прекрасно ќе се случи.