Што треба да знаете за првата година во бизнисот

28

biznis

Фото: Pixabay

Започнувате сопствен бизнис и веќе сте се изнаслушале куп приказни за фирми и идеи што пропаднале, па добивате претстава дека 90% од обидите завршуваат со неуспех. Всушност, реалноста е сосема поинаква. Статистиките покажуваат дека 75% мали компании ја преживуваат првата година, 69% првите две, а 50% успешно ги поминуваат првите пет години, пишува Лидер.

Еве што треба да направите во првата година од бизнисот, за да си олесните и да си помогнете:

Ниски трошоци

Многу претприемачи – почетници пропаѓаат затоа што остануваат без пари, затоа е паметно на почетокот трошоците да се држат на ниско ниво. Вработете ги само оние без кои не можете. Ако не ви е потребна канцеларија, тогаш не земајте простор. Парите трошете ги само на работи што навистина ви требаат.

Инвестирајте назад во компанијата

Кога од работа за плата преминувате во претприемачки води, тешко оди откажувањето од стабилноста на платата. Но, првите пари до кои ќе дојдете, најдобро е да ги инвестирате назад во компанијата, во производ или маркетинг.

Хиперактивност не значи продуктивност

Во првата година од бизнисот треба да бидете селективни кога станува збор за тоа на што ќе ги трошите времето и ресурсите. Не мора да ја прифатите секоја понуда на која ќе наидете. Пред да прифатите било што, размислете дали тоа се вклопува во вашиот долгорочен план.

Фокусирајте се на потрошувачите

Вашата цел треба да биде да им помогнете на крајните потрошувачи. Адаптирајте се на нивните потреби и желби и земете ја предвид секоја повратна информација.

Изградете мрежа на контакти

Колку повеќе луѓе познавате, толку подобро. Обидете се да стигнете до првите луѓе од индустријата во која работите или до оние што веќе успешно работат. Ширењето контакти отвора многу нови можности.